Два воза на тобоган се судрија денеска во забавен парк во јужна Германија, при што се повредени најмалку 34 лица, од кои двајца потешко, објавија германските медиуми.
Еден воз на тобоганот силно сопирал, а друг се судрил со него во паркот Леголанд во Генцбург, јави германската новинска агенција dpa. На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби.
– Засега не е јасно како можела да се случи несреќата. Тоа се случило во станицата на тобоганот „Огнен змеј“, изјави за ДПА портпаролот на забавниот парк.
Минатата недела, една жена загина во друга несреќа со лизгање во забавен парк во Клотен, југозападна Германија. 57-годишна жена испаднала од тобоганот додека се движела и починала од повредите. Причината за несреќата се уште не е утврдена.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.