По речиси два часа преговори меѓу полицијата и членовите на семејството со Владимир М.(40), кој седел вооружен во својот автомобил, тој се предал на полицијата, јавува Нова.рс.
Како што дознаваме тој со себе имал пиштол и се заканувал дека ќе се самоубие. Милена М.(35) синоќа беше застрелана од сопругот Владимир М.(40) во семејната куќа во Крагуевац.
Според известувачот на Нова.рс од местото на настанот, полицијата носела панцири, го блокирала сообраќајот и не дозволувала пешаци да минуваат низ улицата Зеленгорска каде Владимир го паркирал автомобилот пред куќата број 2.
Драматичната ситуација во која Владимир се заканувал да се самоубие траела од 16 часот, а жителите на населбата Пивара биле шокирани од оваа семејна трагедија.
Здравствената состојба на Милена М. се уште е критична, а повредите се опасни по живот.
Од болницата соопштија дека на Милена М. денеска итно е оперирана и дека во хируршката интервенција учествувал целиот тим хирурзи. По операцијата е префрлена на Одделот за интензивна нега на Службата за анестезија и реанимација и нејзиниот живот е во животна опасност.
Таа во последните три години работи како лекар во Дрезден, Германија, а во Крагуевац дошла на краток одмор за да ги посети двете деца и семејството.
Be the first to write a comment.