Миљана Кулиќ ја победи смртта и конечно се разбуди од вештачката кома во која ја задржаа лекарите од Клиничкиот центар во Ниш поради операција при која ѝ беше отстранета пукнатата слезина.
Таа сега првпат се огласи по драмата и истакна дека е многу лута на турските лекари кои ги смета за одговорни за нејзината состојба и призна дека била свесна дека е на чекор од смртта.
На прашањето како се чувствува сега и дали е свесна што ѝ се случило, Миљана вели:
– Не ми е добро, психички сум многу лошо. Се борев, бев на работ на животот и смртта. Страшно е тоа што ми го направија, сакаа да им бидам заштитно лице на Балканот, а за малку ќе умрев – вели Кулиќ и опишува како изгледа нејзиното тело сега:
– Имам лузна по целиот стомак. Имам ужасни болки, но се надевам дека ќе победам и дека се ќе биде во ред. Ми даваат лекови за да се смирам и да ми ја намали болката. Сите се уште се плашат дека нешто ќе се искомплицира. Трауматизирана сум од се, заспивам и се будам во бунило и сонувам дека повторно ме носат на операција – вели популарната учесничка во реалното шоу, која турските лекари ја обвинија дека го прекршила правилото и консумирала цигари, што е забрането по операција за скратување на желудникот:
– Не можам да разберам дека може да се случат вакви компликации поради пушењето. Ќе и се јавам на Инди да се консултирам со неа да ми каже дали и таа пушела по операцијата. Мајка ми е постојано со мене, лекарите овде се супер, сите се грижат за мене, заклучи Миљана.
Да потсетиме, Миљана беше оперирана на 20 јули во Истанбул, а по три дена се врати во Србија кога почувствувала омалаксано. Минатата сабота ненадејно и се слошило и со стомачни болки се пријавила во Ургентниот центар во Ниш, каде лекарите откриле дека и пукнала слезината и ја отстраниле:
– Пациентката Миљана Кулиќ во сабота на 30 јули е примена во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар Ниш како итен случај поради болки во стомакот. Седум дена пред приемот, пациентката била оперирана во турска болница, кога поради дебелината била извршена таканаречената операција „стеснување на желудникот“. По приемот во Универзитетскиот медицински центар Ниш, извршени се сите дијагностички процедури кои укажуваат на неопходност од итна хируршка интервенција. Истиот ден, на 30 јули, на пациентот итно и е извршена операција и во таа прилика констатирано е крварење во пределот на стомакот предизвикано од повреда на слезината. Извршена е операција за отстранување на слезината. Пациентката успешно се опоравува на одделението за интензивна нега на клиниката за анестезија и реанимација – соопштија од Универзитетскиот медицински центар Ниш.
Be the first to write a comment.