Милена М.(35) која синоќа беше застрелана од сопругот Владимир М.(40) во семејната куќа во Крагуевац, последните три години работи како лекар во болница во германскиот град Дрезден. Семејството очекувало документи за сопругот и децата, за сите да се спојат и да живеат во Германија, пишува „Блиц.рс“.
Владимир моментално е во бегство, додека лекарите се борат за животот на ранетата Милена. Во ова семејство досега немало пријави за семејно насилство.
Пријател на сопружниците Милена и Владимир М., бил шокиран од синоќешниот настан кој ги вознемирил сите што ги познавале. Тој рече дека ништо во нивната врска не навестувало дека може да се случи ваква трагедија.
– Тие беа хармоничен пар, тој повремено одеше во Германија со децата, а таа често доаѓаше во Крагуевац. Сите бевме среќни што добро се снајде во новата работа и што наскоро сите ќе бидат заедно. Го чекаа комплетирањето на документите за да го спојат семејството, изјави нивен добар пријател за nova.rs.
Тој вели дека Милена по завршувањето на средното медицинско училиште била добра студентка по медицина, но дека не можела да се вработи по струката и затоа решила да го научи јазикот и да замине во Германија.
„Таа беше упорна да замине и ние ги поддржавме. Владимир ја напушти работата за да се грижи за децата додека таа беше во Германија. Тие се мачеа толку разделени, а сега оваа трагедија е шок за сите нас. Ништо не укажуваше дека имале некакви проблеми за да се случи ова. Точно е дека семејството на Владимир негодуваше поради нејзиното одење во Германија, но не мислам дека тоа е причина тој да крене рака на Милена. Имаат две мали деца, не знам што му се случило за да постапи така, во шок и неверување раскажува нивниот пријател.
Милена работела во болница во Дрезден во последните три години и често објавувала фотографии од работа, како и со своето семејство на социјалните мрежи. Таа неодамна дошла во Крагуевац на краток одмор.
Според неофицијални информации, Владимир ја застрелал Милена на спиење, а потоа побегнал. Потрагата по него е во тек.
Be the first to write a comment.