Русија смета дека донацијата на Mакедонија на тенковите „Т-72“ на Украина е „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“. Тоа го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. цитирана од ТАСС.
На 29 јули, македонското Министерство за одбрана потврдија дека земјата ѝ подарила тенкови од трета генерација на Украина. Тие исти тенкови ги купи Македонија од Украина во времето на конфликтот во 2001 година. Нема податоци колку тенкови ѝ се предадени на украинската страна.
Бугарија и Унгарија останаа единствените две земји во НАТО кои не обезбедуваат директна воена помош за Украина.
Захарова, исто така, објави дека Србија не се обратила до Русија со барање за помош за решавање на конфликтната ситуација на Косово.
Be the first to write a comment.