Познатиот српски боди билдер Лепомир Бакиќ имал тешка несреќа. Неодамна престојувал во Бањата Ждрело, каде спуштајќи се по тобоганот ги скршил двете пети на нозете. Спортистот детално објасни што се случило:
– По долга спортска кариера и безброј освоени медали за нашата земја во боди-билдинг, имав непријатно искуство да ја завршам кариерата токму во бањата и да ги скршам двете пети, поради што сум принуден да одам во пензија. По грешка на сопственикот и управителот на велнес и бањскиот комплекс Бање Ждрело, исклучена е водата што течеше по тобоганите во надворешните базени. Таа вода служи да ве спречи да удрите во работ на тобоганот, односно во ѕидот. Две деца ме замолија да слезам со нив и јас го направив тоа, а таа мала количина на вода успешно ги запре бидејќи тие се лесни.
Меѓутоа, не ми успеа затоа што некој ја исклучил водата. Иако два часа пред тоа се спуштавме по истиот тобоган без никакви проблеми. Никој од спасувачите не беше таму да не предупреди. Ги скршив двете пети, моментално сум на Институтот за ортопедија во Бањица и сега сум врзан за кревет три месеци – вели Бакиќ.
Тврди дека покренал судски спор:
– Направив и побарав снимка од камера за да се утврди вистината преку адвокат. Исто така, спасувачите не ми помогнаа кога лежев на работ од тобоганот, па девојка ми истрча да ме земе и паднавме заедно бидејќи не можев да станам на нозе. Имам тројца сведоци за целата ситуација. Ме примија во Петровац на Млава. Врескав од агонија и болка. Животот ми е уништен. Докторите ми рекоа дека ако не сум бил бидам силен и мускулес, ќе ми излетале пршлените и ќе ми пукнела кичмата.
Медиумите контактирале и со комплексот каде се случил инцидентот.
– Се што имаме да кажеме, ќе кажеме таму каде што треба. Што се однесува до тобоганите, времето беше лошо во тој период и тие не работеа. Јасно беше означено дека не работат – изјави менаџерот на комплексот Дарко Костиќ.
Be the first to write a comment.