Незадоволни од најавените мерки на реципроцитет, Србите на Косово поставија барикади во Рударе и Зупче, кај Зубин Поток.

Во градот Зупче главниот пат е блокиран од камион, а според неофицијални информации, граѓаните почнале да се собираат на преминот Јариње.

Граѓаните почнаа да се собираат во центарот на Северна Митровица околу 18 часот, каде сирените се огласуваат од 17:40 часот. Во градот Рударе се собраа голем број граѓани, но не сакаат да бидат фотографирани

🚨

КФОР ја следи ситуацијата и собира податоци

Во врска со алармните сирени кои непрекинато се слушаат цел час во северниот дел на Косовска Митровица, КФОР ја следи состојбата и во моментов собира информации. Оваа вест за KoSSev ја потврдија од Канцеларијата за информирање на штабот на КФОР.

Возила на итна помош се движат со вклучени сирени

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, засега нема сознанија за нешто што се случува во северниот дел на градот, освен за сирените што самиот ги слуша.

Во меѓувреме, на оваа сирена и се придружија и други, меѓу кои и онаа на покривот на автомобил кој со голема брзина се движеше од правец на Звечани кон центарот на градот.

Видливо е и движењето на возила за итна помош со вклучени сирени.