Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери денеска им исрпатил СМС – пораки на пратениците дека утре во Собранието не се закажани активности. Воедно ги информира дека зградата на парламентот има и проблем со струјата па и дека не работи ниту официјалниот сајт sobranie.mk.
„Почитувани пратеници, ве известувам дека за утрешниот ден нема закажани активности“, гласи една од СМС – пораките.
„Заради прекин во електричното напојување во Собранието, веб страницата на парлемантот е недостапна“, гласи втората порака.
Двете пораки практично се директно информирање на пратениците бидејќи и преку веб-страницата тие се потсетуваат какви активности се закажани во Собранието за наредните денови.
За што станува збор и дали пораките имаат поврзаност со евентуално избегнување на соочување со пратениците по снимката која протече во јавноста, а на која се слуша глас на претседателот на Собранието како вика и се обраќа навредливо кон вработени службеници, МКД.мк праша во кабинетот на Талат Џафери.
„Точно е дека за утре не се закажани активности во Собранието, впрочем кога ја затвори последната пленарна седница претседателот не закажа друга седница, ниту други активности. Се работи само за потсетување на пратениците“, одговорија за порталот од кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија.
За проблемот со струјата ни беше речено дека тоа прашање не зависи од претседателот Џафери, ниту од институцијата, туку од снабдувачот со струја. Во тој контекст е и проблемот со официјалната веб-страница.
Be the first to write a comment.