Во Босна и Херцеговина, жена застрела разбојник кој провалил во нивниот дом. Како што јавуваат тамошните медиуми, пукањето што се случи во градот Цазин ги вознемири граѓаните, а како што дознава порталот „Аваз“, жена пукала во разбојник кој со уште неколку лица упаднал во нејзината куќа.
Според информациите со кои располагат медиумите, тоа се случило околу 4 часот и 30 минути, кога непознати лица упаднале во куќата на маж кој во сопственост имал угостителски објект.
Во таа прилика имало и обид за грабеж, при што со полесни повреди се здобил сопственикот на објектот.
Неговата сопруга употребила огнено оружје и застрелала еден од разбојниците, кој е во тешка критична состојба. Медиумите објавија и снимка како полицијата го изнесува разбојникот.
Be the first to write a comment.