Телото на младото момче кое попладнево исчезна на Ада Циганлија вечерва е извлечено од водата, јавуваат српските медиуми.

Да потсетиме, младото момче Андрија С. (20) потона откако скокна од педалинката на која се наоѓаше со другарите.

Како што објави Блиц.рс, откако скокнал во водата извесно време пливал, а потоа почнал да губи сила и исчезнал во брановите. Еден од неговите пријатели скокнал по него, но не успеал да го спаси.

И неколку спасувачи од Ада се обиделе да го спасат, но не успеале.

Набрзо на местото на настанот пристигнале нуркачи, кои околу 20 часот го извлекле телото на младиот човек.