Еден судија крај патеката загина, а една судијка е повредена при излетување на автомобил во попладневната програма на патеката Гробник крај Риека. Поради трагедијата решено е да се откажат сите трки предвидени за недела, меѓу кои и Twingo Cup каде требаше да настапат деветмина македонски возачи.
Инцидентот се случил во текот на едночасовната трка на издржливост Endurace кога се случило ненандејно излетување на автомобил од патеката и директно удрил во едно од судиските места кои се на патеката. Од силата на ударот возилото ја зафати и оградата и ги погодило и двајцата судии.
Дежурните лекарски служби брзо интервенирале по што едниот судија веднаш бил пренесен во болница, додека другата, женска личност без потешки повреди била згрижена во болница на понатамошни контроли.
Судијата поради сериозноста на повредите починал во болницата. На патеката има екипи кои работат на утврдување на причините поради кои излетало возилото и ударот во иградата.
Организаторот на трката реши да ги откаже сите трки за в недела. На програмата беше предвидено попладне да се вози и втората трка од Twingo Cup. На Гробник требаше да се вози најголемата трка досега, на која требаше да учествуваат повеќе од 300 возачи од 15-тина земји во текот на три дена. Планирани беа 15 различни конкуренции и 25 различни трки.
Be the first to write a comment.