Поранешниот полициски инспектор Жарко Поповиќ, кој првпат го испрашувал Зоран Марјановиќ на 2 април 2016 година, тврди дека Марјановиќ во Централниот затвор го добил прекарот „Северина“.
– Го има прекарот Северина, затоа што е толку опасен човек – иронично изјави инспекторот во емисија на српските медиуми.
Тој додаде дека Марјановиќ го добил тој прекар кога првично бил во Централниот затвор додека бил под истрага, посочувајќи дека „затворениците кога им е досадно имаат одредени социјални игри“.
– Играат „гнила кобила“ и така натаму. Зоран Марјановиќ секогаш барал да биде „гнила кобила“ во Централниот затвор. Затоа го доби тој прекар. Така со сигурност ми кажаа криминалците кои беа во ќелијата со него – тврди Поповиќ.
Be the first to write a comment.