48 часовно затворање на ресторанот на познатиот турски готвач Нусрет Ѓокче, познат како Солт Бае на Миконос. Ревизорите на грчките инспекциски служби констатирале даночни прекршоци во ресторанот на познатиот Турчин.
Даночната служба на почетокот на неделата го посетила ресторанот на познатиот готвач и утврдила дека има недоследности во работењето, односно имало сомнежи дека не се издавале фискални сметки.
– Синоќа ревизори се вратиле во ресторанот и при проверка констатирале дека воопшто не се издаваат фискални сметки. Тие денеска на пладне пристапиле кон пломбирање на угостителскиот објект во траење од 48 часа. Тој треба да биде повторно отворен во недела на пладне, јавуваат грчките медиуми.
Менаџерите на ресторанот веќе ги откажуваат сите резервации за денес и утре и истовремено престануваат да примаат нови резервации за истиот период.
Ова е второ затворање на ресторанот на Солт Бае на Миконос, откако ревизорите во 2019 година кога штотуку беше отворен ресторанот, донесоа забрана за работа исто така во траење од 48 часа.
Од ревизијата било констатирано дека фирмата нема издадено 34 сметки, со вкупна вредност од 25.800 евра.
Поранешниот турски месар, сега магнат во овој бизнис, Нусрет Ѓокче, познат како Солт Бае, низ светот има вкупно 14 ресторани кои го носат неговиот потпис.
Солт Бае стана светски познат преку социјалните мрежи поради неговиот уникатен начин на солење на месото, потег кој го сакаат познатите личности од целиот свет.
Be the first to write a comment.