Четири лица загинаа во судир на два авиони во воздух на меѓународниот аеродром „Хари Рид“ во Лас Вегас, јави агенцијата АП, повикувајќи се на американската служба за итни случаи.
Според агенцијата, четири лица биле во двете лесни летала и сите загинале.
Прелиминарната истрага укажува дека авионот „Пајпер ПА-46“ требало да слета кога се судрил со авионот „Цесна 172“. Пајперот се урнал во близина на пистата, а Цесна 172 се урнал во вештачко езеро, соопшти Федералната управа за авијација на САД.
Идентитетот на жртвите се уште не е соопштен, ниту пак причината за несреќата.
📸
📸
Be the first to write a comment.