Жителите во рагионот на грчкиот град Кавала се шокирани од падот на авионот Антонов Ан-12 во руралното подрачје на Палеохори.
Извори блиски до Службата за цивилно воздухопловство (ЦАА) известија дека пилотот на Антонов Ан-12 кој се урна синоќа во областа Кавала информирал дека авионот претрпел дефект на моторот и побарал дозвола за итно слетување, но немал време да пристигне на аеродромот, бидејќи еден мотор се запалил при лет и авионот паднал на десет милји од градот.
Ан-12 бил украински и летал карго од Србија до Јордан. Според истите извори, леталото имало осумчлен екипаж и превезувало „опасни“ материјали.
– Во несреќата загинаа сите 8 членови на екипажот, пишуваат утрово грчките медиуми.
Како што пишува Flightradar24, авионот летал од Ниш (Србија) за Аман (Јордан), се работи за украински авион на компанијата Meridian Ltd.
Итно повлекување на сите сили на Противпожарната служба, како и на сите кои се наоѓаат во близина на руралното подрачје на Палеохори, побарал штабот на Противпожарната служба, наведува раководителот на Цивилната заштита Ставрос Кивракис од Кавала.
Како што рече Кивракис, дадена е наредба за итно отстранување на сите сили кои го обезбедуваат просторот бидејќи не е позната токсичноста на товарот што го превезува авионот, додека на местото на несреќата се очекува екипа пиротехничари да ја проверат опасноста на товарот и да се донесе одлука за следните чекори.
– Мирисот на запалено гориво е многу силен во областа, додека облакот од чад е исто така густ, но пожарите се многу мали и нема ризик од повторно разгорување бидејќи противпожарната служба создаде заштитна решетка за да спречи таков ризик, пишуваат медиумите.
Двајца пожарникари кои се нашле во близина на местото на несреќата имале проблеми со дишењето и се префрлени во Општата болница Кавала.
Be the first to write a comment.