Трагедија се случила во Кукуш синоќа кога во сообраќајна несреќа загинале две лица, а најмалку четворица се. Се’ се случило кога возач на патролно возило налетал на диви свињи пред себе и немал време да реагира.
Крвавата сообраќајна несреќа се случила околу 23:30 часот, на 62-от км од Новиот национален пат Солун – Нео Петрициу. Иако се уште се истражуваат околностите за тоа што се случило, се проценува дека се започнало од судирот на патролен автомобил со стадото диви свињи.
Во сообраќајната несреќа загинаа 53-годишно и 50-годишно лице, двајцата грчки државјани, а повредени се четири лица, од кои тројца полицајци. Двајца од полицајците се тешко повредени.
Во информацијата, според eidisis.gr, се наведува дека патролно возило, управувано од 42-годишен полицаец и двајца негови колеги (44 и 36 години) се движеле во правец кон Кукуш, но на патот се појавило стадо диви свињи, па возачот се обидел да ги избегне но не успеал, поради што удрил во животните и автомобилот излетал од патот.
Во исто време, 56-годишен возач на автомобил со регистерски таблички од Северна Македонија, кој се движел кон Дојрани, брзо реагирал и излетал од патот, избегнувајќи го сударот со патролното возило. Сепак, 50-годишниот сопатник бил полесно повреден од неговото излетување и превртување.
Најлошото дошло набргу потоа. Зад автомобилот кој излетал се движел друг, во кој сенаоѓале двете загинати лица. Возачот не успеал да реагира и се судрил со патролното возило.
Во судирот загинале двајца членови на националната гарда, кои работеле на чување на складишта за муниција во Коромилија. Двајца полицајци се исто така тешко повредени, а уште еден полесно.
Според локалните жители, бројот на диви свињи е драстично зголемен и нивната појава на полињата со пченка, како и во населените места е вообичаена глетка.
Be the first to write a comment.