На 10.07.2022 во 03.55 часот во Гостивар, на бул.„Браќа Ѓиноски“, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од с.Долно Лисиче, скопско, удрило во две паркирани патнички возила со гостиварски регистарски ознаки, и тоа „БМВ“, паркирано од О.Ч.(48) од Гостивар и „БМВ“ паркирано од М.Ќ.(64) од с.Галичник.

По несреќата, А.С. е пренесена во Ургентен центар Гостивар, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Девојка од Скопје повредена во несреќа во Штип

На 09.07.2022 во 11.40 часот на патот А1 Градско-Прилеп, патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(28) од Штип излетало надвор од патот.

По несреќата, сопатничката во возилото К.К.(23) од Скопје била пренесена во Градската болница Прилеп, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.