Старлетата и „ријалити“ победничка се разголе на социјалните мрежи, но многумина забележаа дека многу ослабела. Ива Гргуриќ позираше во портокалов костим за капење, а луѓето почнаа да ѝ оставаат коментари за линијата.
– Не кажувај на луѓето дека сонуваш, тие ќе те разбудат…, напиша Ива.
– Секоја чест за линијата ако тоа е она што го сакаш, но не е здраво да се биде толку слаб, беше само еден од коментарите.
Да потсетиме дека Ива еднаш зборуваше за диета која вклучува гладување во поголемиот дел од денот.
– План за диета: Секој ден започнува со млака вода и сок од лимон. Во текот на денот можете да пиете кафе, најдобро еспресо, исто така постојано пијам газирана вода со сок од лимон (многу течност). Храна не внесувајте до 20 часот, ако не можете да издржите до 20 часот, изедете јаболко. Во 20 часот можете да јадете што сакате до 21 или 22 часот, можете да пиете што сакате, можете да внесувате леб, но не премногу, не препорачувам слатки, освен темно чоколадо, напиша неодамна на социјалните мрежи Ива и додаде дека ослабела осум килограми за 12 дена.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.