По инцидентот кој се случи синоќа кога се судрија две мали групи на граѓани, Македонци и Албанци, а при што имаше и истрели од огнено оружје, организаторите на протестите против францускиот предлог најавија нова маршрута за денешниот протест.
Денеска протестот ќе започне во 19 часот пред зградата на Владата, па пред Министерството за правда и на крајот пред Собранието.
Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, информираат од „Ултиматум – НЕ благодарам“.
Нема полициска монтировка која ќе не уплаши.
Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација.
Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина, се наведува во поканата за протест.
Be the first to write a comment.