По извршениот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ било констатирано дека во ова училиште немало врсничкo насилство врз Коста К., кој изврши масовно убиство и рани пет лица, меѓу кои и наставничката по историја.
Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ вели дека не е изненадена од наодите од инспекцискиот надзор и дека тоа веќе било познато.
– Го знаев тоа и го кажав веднаш, на првиот ден. Наодот на инспекцијата дека момчето не било изложено на насилство не ме изненади, но благодарна сум што брзо се изготви. Во меѓувреме, децата од 3 мај кога се случи трагедијата беа под стигмата дека всушност сите тие се криминалци и главни виновници за тоа што се случи, а не беа. Сите ние што сме на училиште го знаеме тоа, знаеме што се случува таму и какви деца се тие – рече таа.
Да потсетиме, на 3 мај во училиштето со пиштолот на неговиот татко влегол Коста К. Кобниот ден пукал во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа убил девет негови другари. Тешко рани уште пет ученици и наставник по историја.
Be the first to write a comment.