Хрватската пејачка Катарина Раутек, која е поранешна членка на популарната група „Е.Т.“, е прогласена за исчезната, а полицијата интензивно трага по неа. Според информациите објавени на официјалната хрватска веб-страница за исчезнати лица, 39-годишната пејачка исчезнала вчера во Загреб.
Раутек веќе некое време не е дел од музичката сцена, а последното интервју го даде пред четири години, кога беше бремена по третпат. Моментално, пејачката е во брак со бизнисменот Јосип Омажиќ. Во претходните врски имала многу лоши искуства, а најлошо ѝ било во врската со Крешимир Свитлановиќ, кого го пријавила за физичко малтретирање, пишува „Вечерњи лист“.
„Бракот ми е одличен, а така беше со Јосип и пред да се земеме. Конечно искусив како е некој да те почитува и да ти помага. Не гарантирам дека секогаш ќе биде така, но засега ни е супер“, изјави пејачката тогаш.
Во истото интервју, таа се присети и не пеколот кој го поминала со претходниот партнер.
„Неспиење, одење на суд, тоа е нешто страшно и не знам како го преживеав“, се присети таа.
Be the first to write a comment.