Полицијата во Мајами објави видео од оскудно облечена жена во нејзините 30-ти години во лифт, за која велат дека дрогирала маж во неговиот стан, а потоа му украла накит вреден 600.000 долари, пишува New York Post.
Бараат помош од граѓаните во потрагата по жената, која меѓу другото украл два ролекса од станот на маж што го запознала претходниот ден.
Откако го запознала мажот во кафулето The Dirty Rabbit во Вајнвуд на 8 мај, тој ја поканил во својот стан во раните утрински часови, околу 5:30 часот. Таа штом стигнале во станот му ставила дрога во пијалокот, тврди полицијата. Мажот се онесвестил набргу откако се напил.
Тој сфатил дека е ограбен дури околу пладне кога се разбудил. Сефот од кој исчезнал целиот накит бил отворен. Исчезнала и жената со која се сретнал рано утрото.
Меѓу скапите предмети што ги однела биле Rolex Dayton Rainbow со дијаманти и Rolex Sky-Dweller. Таа украла и златен синџир, златни Франко алки, очила за сонце Картие и прстен од розово злато, извести полицијата.
Полицијата се обидува да и влезе во трага на жената врз основа на снимките од надзорните камери во лифтот на зградата во која живее ограбениот.
NEWS RELEASE: We need assistance identifying the woman seen on this video. She drugged victim’s drink and once he fell asleep, she took $600k of victim’s jewelry. This occurred May 8, in downtown Miami. If you recognize her, you are urged to call 305-603-6030 or @CrimeStopper305 pic.twitter.com/2ElDCEPrWK
— Miami PD (@MiamiPD) May 17, 2023
Be the first to write a comment.