Денеска во општина Шамац во Република Српска (БиХ) е Ден на жалост поради страшната сообраќајна несреќа во која на 17-ми мај животот го загубија Бојана Газетиќ (28), Дијана Ѓуриќ (54) и Сока Стевиќ (54), сите од Шамац.

Трагедијата се случила околу 16 часот и 20 минути во Ново Село, на магистралниот пат Шамац – Брчко, кога Пежо се судрило со камион Мерцедес од компанијата „Брчко гас“, објавија медиумите. Како што потврдија од полицијата, зад воланот на пежото била Газетиќ, додека камионот го управувал Д.Р.

– Сите три жени се од Шамац, но се вработени во Брчко. Газетиќ работела како здравствен работник во болница во Брчко, Ѓуриќ била вработена во Владата на округот Брчко, а Стевиќ во телекомуникациска компанија. Често патувале заедно на работа и се враќале дома – вели добро упатен извор на порталот „Уна“.

За трагедијата придонел влажниот и лизгав коловоз

Така било и завчера. На крајот од работното време, тие се враќале дома во Шамац, кога им се случила трагедија. Се истражуваат точните причини и околности за судирот, а првите резултати од истрагата укажуваат дека за трагедијата придонел влажниот и лизгав коловоз.

Бојана Газетиќ

– Се движеле кон Шамац и се сомнева дека Пежото се излизгало во блага кривина, најверојатно поради влажен коловоз. Поради тоа, возачот изгубил контрола над автомобилот, кој се оддалечил и десната страна и практично се забил под цистерната, која доаѓала од спротивна насока. Ударот бил толку силен што сите три останале мртви на лице место – вели изворот на споменатиот портал.

Од ОЈО Бјелина наведуваат дека истрагата на лице место ја извршил дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Добој, од кого немало соопштение за оваа трагедија.

– Обвинителот нареди да се преземат сите неопходни мерки и дејствија, за да се утврдат точните причини кои довеле до оваа тешка сообраќајна несреќа во која згаснаа три животи – соопштија од Јавното обвинителство на Бјелина.

Оваа трагедија го потресе цел Шамац. Оние што го познавале загинатит во неверување велат дека Ѓуриќ и Стевиќе имале по две деца, додека Газетиќ не била мажена.