Во затворот во Сремска Митровица почина Рашид Сакиќ (45), син на починатиот пејач Синан Сакиќ, а причината за смртта не е позната. Тој во затворот издржуваше казна од 3 години за разбојништво.
-Известени се полицијата, обвинителството и судот. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад – изјавија за српски Курир од Управата за извршување на кривични санкции.
Како што дознаваме од извор близок до семејството, неутешната мајка Велида плаче и не може да си дојде на себе, а причината за ненадејната смрт се уште се утврдува.
Од Управата за извршување на кривични санкции за српските медиуми велат дека осуденикот утрово не се разбудил.
– Осудениот Р.С. утрово не се разбуди од сон. Известени се полицијата, обвинителството и судот. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад – соопшти Управата за извршување на кривични санкции.
Be the first to write a comment.