Победник на 67. Избор за песна на Евровизија е Шведска, која ја претстави Лорин со песната „Tattoo“. Веднаш зад неа беше Финска со песната „Cha Cha Cha“.
Српскиот претставник Лук Блек не се прослави и доби поени само од Италија (1), Германија (4), Португалија (4), Хрватска (4), Исланд (1), додека од публиката доби само 16 поени.
– Сепак, она што особено ги вознемири гледачите е фактот што Словенија на нашиот претставник не му додели ниту еден бод. Од друга страна, максималниот број на поени им го дадовме, односно на групата Џокер аут, пишуваат српските медиуми.
Според нив, ваквата одлука на Словенија им пречела на многумина, а на социјалните мрежи беа објавени негативни коментари.
Be the first to write a comment.