Многу соседи видоа дека девојката има нож, најверојатно затоа полицијата дојде толку брзо. Беше метеж, но дури откако го слушнавме чкрипењето на полициските гуми сфативме што се случува. Беше како на филм. Страшно беше, во паркот имаше деца, раскажува сведок за драмата во загрепската населба Средњаци која се случила вчера околу 13 часот, пренесува хрватскиот портал 24сата.

Од полицијата го потврдија инцидентот

Како што може да се види на видеото, полицијата ја приведува девојката додека таа е во долна облека. Соседите кажуваат дека девојката и момчето често се караат и тепаат. Додале и дека виделе дека девојката имала нож во раката.

Од загрепската полиција потврдуваат дека интервенирале, но не сакаа да дадат детали и да го потврдат делот за ножот.

Тие рекоа дека станува збор за прекршочна постапка, најверојатно од доменот на семејното насилство.

„Ги ставија во посебен автомобил“

Сведокот на настанот вели дека девојката викала: „Имам право да бидам пијана!“.

Сведокот додал дека кога полицијата брзо пристигнала, младиот човек и девојката почнале да бегаат од нив.

Меѓутоа, набрзо биле фатени и ставени во посебен автомобил.

„Полицијата ги бркаше низ паркот“

– Ситуацијата беше многу сериозна. Полицијата многу брзо ги фати, но опсадата траеше доста долго. Беше навистина грдо да се гледа, луѓето беа во шок. Кутри полицајци, само трчаа по нив во паркот – додава сведокот.

Овие тешки сцени, како што вели соговорникот за хрватските медиуми, не се новини во нивното соседство.

– Најчесто е околу 9-10 часот наутро или околу 1 часот навечер. Излегуваат на паркинг, се тепаат, врескаат, таа ќе го изгребе по целото лице, тој ја тепа, страшно. Знаат и да кршат шишиња. Жал ми е за полицајциве додека среде ноќ треба да им ја отвориме вратата од зградата додека да дојдат на интервенција, вели револтирано објаснувајќи дека не ни викаат полиција толку често како порано.

📸

📸

📸

📸