На интернет се појави видео од капачи како напаѓаат ајкула со метли, пишува Irish Mirror.
На вознемирувачката снимка се гледа како толпа луѓе ја удираат ајкулата додека таа плива околу нив и се обидува да избега.
Сведоците споделија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како опасното суштество плива кон плажа полна со деца.
Може да се видат и перки од ајкула кои се приближуваат до брегот на Мармарис во југозападна Турција. Локалните жители и туристите стојат во плиткото додека ајкулата кружи околу нив.
Други во позадина ужаснато покажуваат на перката, додека некои нуркаат под вода за да го видат неманот како им се приближува.
Додека се обидувал да ја избрка ајкулата, човек му приоѓа на животното и почнува да го удира по главата. Го удрил неколку пати по главата, на што снимачот слатко се насмевнал.
По неколку удари, се чини дека ајкулата се сврти и заплива во друга насока – далеку од толпата – додека капачите остануваат на место за да се уверат дека животното навистина ќе замине.
Се смета дека повеќе од 47 видови ајкули живеат во Средоземното Море, вклучувајќи ја и сината ајкула, големиот чекан и големата бела ајкула. Но, и покрај тоа што големата бела е најопасна, таа ретко се гледа.
Снимката се појави откако две жени загинаа оваа недела во одвоени напади на ајкула на популарна египетска туристичка плажа.
Елизабет Зауер од Австрија е видена како плива во плитка вода недалеку од плажата кога животното ја нападнало. А на само 200 метри и неколку часа претходно беше убиена уште една жена.
Иако нејзиниот идентитет не е објавен, се верува дека таа е романска туристка која престојувала во хотел со пет ѕвезди.
Be the first to write a comment.