Професорката на Факултетот за политички науки Неда Тодоровиќ, која живее недалеку од основното училиште Владислав Рибникар во Врачар, ја сподели приказната за локален продавач, за сестрата на момчето кое на 3-ти мај уби осум негови соученици и училишен чувар и повреди уште пет ученици и наставничка по историја.
Професорката Тодоровиќ, која предаваше новинарство на генерации и генерации дипломирани новинари на Факултетот за политички науки, смета дека во оваа трагедија „виновни се родителите, а не детето“. Како што објаснува таа, „детето е производ на она што го учеле родителите дома, а за тоа имаме материјален доказ во овој случај – дека детето го имало сето тоа на располагање“.
Проф. Д-р Тодоровиќ изјави дека ги познава сите продавачи во продавниците околу училиштето, а еден од нив ѝ раскажал неверојатна приказна за момчето убиец и неговата сестра.
– Влегов во продавница и продавачот ми рече: „Сите овие деца многу добро ги познавам, бидејќи секојдневно купуваат кај мене. Го познавам тоа момче и неговата сестра. Таа дојде кај мене пред некој ден и сакаше да ми плати нешто. Таа извади пари од џебот, но ѝ испадна и нож. Јас ѝ реков: Што ќе ти е нож, а таа ми рече:
„Не е мој, не е мој, од брат ми е. Носеше, но дојде полиција и се исплаши да не го најде кај него, па ми го даде“. Ова е информацијата на продавач кој ги познава. Не било тоа нешто што се случило во момент, било подготвувано. Тоа дете носеше нож на училиште, а знаеме ли дали и некои други деца носат ножеви на училиште?- изјави проф.д-р Неда Тодоровиќ.
Да потсетиме, седмоодделенецот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ моментално се наоѓа во психијатриска установа, а како што изјави министерката за семејна грижа Дарија Кисиќ, тој нема да биде пуштен од оваа установа долго.
Be the first to write a comment.