Од вечерва од 20 часот и 20 минути целосно затворен за сообраќај е патниот правец Штип-Скопје поради случена сообраќајна несреќа. Информацијата ја соопшти АМСМ.

Во моментов нема повеќе информации за повредени или евентуално загинати лица.

Овој пат правец претставува црна точка. Само во изминатите неколку месеци случени се неколку тешки сообраќајни несреќи со смртни последици.