БЕЛГРАД – Радиша Блажиќ, татко на масовниот убиец Урош Блажиќ (21), е уапсен во соработка со Смедеревската ВЈТ, белградската ВЈТ и Управата за криминалистичка полиција со цел да се утврдат фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син У.Б. извршил серија кривични дела – уби 8 и повреди 14 лица.

При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша Блажиќ, пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, наполнети за муниција, еден пиштол и еден револвер.

Пронајдена е и рачно изработена направа со чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разни делови за огнено оружје.

Како што е познато, тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање во промет експлозивни материи.