Нашиот реномиран психијатар Горге Хаџи Анѓелковски објави статус на ФB по грозоморните убиства на 8 дечиња и еден чувар во Белград: Ви го пренесуваме во целост и ве замолуваме внимателно да прочитате:
Гледам ги мобилизираат психолозите, психијатрите, педагозите, социолозите да создадат програми и да го објаснат малиот убиец… Овие јадници треба да го откријат и упатат на потенцијалниот убиец, да најдат начини како тоа да се спречи и превенира, а државата и општеството преку нив сака да си ги измие рацете.
Како ќе го препознаете потенцијалниот млад убиец: Еве јас ќе ви кажам – седи фрлен во последната клупа, физички заостанува или е дебел, потсмев е во класот, на него се превземаат сите можни начини на физичко и психолошко врсничко насилие ОТКАКО е означен и пикиран од страна на професорите и е прогласен за маловреден. Малку од нив ќе се борат за место во врсничката група , ќе трпат навреди и насилство, само да се меѓу другарчињата, други ќе се изолираат, ќе избегнуваат секаков контакт , особено со девојчињата. Гневот и бесот ќе се кумулира во нив , поттикнат секако од некој вид семејно насилство, кога се сведоци на понижување и млатење на мајката; или едноставно родителот е отсатен, односно се однесува отфрлувачки и потценувачки. Бесот и јароста мора да се разрешат , една помала провокација и тие ќе се распрснат во некој чин на бизарно самубиство, (што е најчест случај кај нас ) или ако имаат пристап до оружје ќе убиваат со претходен список на мачителите, убивајќи воглавно дома ( исто така чест случај ) или во својата средина каде се понижувани и измачувани, за што за среќа немаме сеуште пример кај нас. Во секој клас во Македонија има по едно вакво дете или младинец, потенцијална бомба што ќе експлодира по навидум минимален стресор – што ќе правите со нив, ќе ги пикате по лудници, затворате , етикетирате на челото, ќе ги изолирате, за да го заштитите општеството. Тие и понатаму ќе страдаат во животот, анксиозни и депресивни ќе живееат на маргините, но оние кои ќе имаат капацитети да го надминат заканувачкиот период и кризата на адолесценцијата ќе станат вонредни луѓе , отпорни на стрес, водачи во општеството.
Што може да се стори : наставникот/ професорот да биде пољубезен кон нив, да се сврти кон задната клупа на која се осудени и малку да ја занемари предната клупа каде се амбициозните и пробивни деца, да детектира и спречи секаков вид на насилство кон нив, не само во училницата туку во дворот каде насилието е најчесто., да ја скроти во себе таа агресивна потреба да ги исфрли од класот зошто не одговараат на неговиот замислен просек. Да можам би ги забранил канцелариите каде се пикнати психологот и педагогот , каде поединечно работат со проблематичните и гласни деца ( тие никогаш не убиваат ) , за да се организираат во групи каде владеаат хоризонтални односи, се промовира еднаквост , се демфира различноста , каде во една позитивна атмосфера вербално ќе се изразува внатре психолошкиот свет на детето.
Социјалниот работник скриен по институциите исто така да се истера од канцелариите и да се занимава со средиштето на агресијата – домот на насилнкот и жртвата.
Интернетот како најголема придобивка на новото време да го оставиме на родителот , кој ако ништо друго во секое време може да го извлече кабелот и да го прекрати неговиот негативен ефект, да не дозволи тие инфлуенсерски ѓубриња да внесуваат немир и збунка кај детето околу основните човекови вредности – односно дека е можно да имаш леб без мотика, без труд богатство.
Сето ова беше увод во најважното : достапност до оружјето.
Колку е оружјето подостапно, толку се шансите за овој тип на насилство поголеми. Тој што сака поголем пенис и да набави пиштол , ќе мора да докаже дека е свесен за таа одговорност, дека е психолошки спремен да се носи со неа, да се помачи низ низа ригорозни тестови и подготовки да докаже дека има личност која нема да се умисли дека е Бог и да пресудува. Докторот пиштолџија , таткото на малиот Коста имал арсенал и муниција за цел полициски вод – што ќе му се, сигурно во својот нарцистично параноичен ум, водел фиктивна војна со светот, а оружјето го набавувал преку пациенти кои му возвраќале услуги да ги слика преку ред. За десет години тој ќе излезе од затвор , но малиот Коста од лудница никогаш !
Значи ригорозноста во доделувањето и контролата на поседувањето на оружјето е најбитната превенција од масовните убиства, зад што мора да стои државата со својот апарат – да се спроведат строги правила , услови и критериуми, за да пред се ве откаже од таа глупава намера да како цивилно лице поседувате оружје, зад која стои длабока психопатолошка потка на една фрустрирана личност.
Нормално се поставува прашањето како и во се друго, дали државата е спремна да се соочи со ова ризично однесување и да постави строги правила на игра. За жал кај нас сеуште владее принципот ,, Овој е наш, дај му пиштол,, така да само е случајност како не ни се случил синдромот на Коста. Законите за недозволено поседување се строги , но ретко се применуваат, воглавно некој ќе застрела некого , па ке му се додадат година -две за оружјето без дозвола во севкупната казна. Автоматското оружје не смее да постои на улица, треба да биде таму каде му е место, во воените и полициски сошки.
Една од погрозните слики е мафтањето на алфите со калашникови, облечени во патики и фармерки додека апсат некој политичар или ситен крадец – Тексас. Свадбарите кои пукаат со автомати на веселба и се сликаат на мрежите треба да се лоцираат и да ги снема од општетсвото, но тие се заштитени мечки зошто се ,,наши,, Си досадив и себе си, но морам и ова да го споменам – ниеден од уставобранителите не беше казнет поради поседување и влагање во собранието со оружје, макар да на снимките јасно се гледа како од десетици газови ѕиркаат дршки на пиштоли и револвери. Ова се слики кои се импрегнираат во психата на младите луѓе со порака дека насилството е дозволено и не подложи на казна…
Кој ќе биде нашиот мал Коста, времето ќе покаже !
Be the first to write a comment.