Припадници на МВР во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник од Лаќарк, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

Се сомнева дека на социјалните мрежи објавил фотографија од осомничениот за убиството на осум деца и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со одобрение и порака дека и тој ќе го стори истото.

Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица.