Напаѓачот бегал низ две села и притоа застрелал дури 25 лица. Во престрелката што се случила кај Младеновац убиени се десет лица, меѓу кои полицаец (20) и неговата сестра, дознава Телеграф.рс.

– Според последните информации, Урош Блажиќ со автоматска пушка пукал во 25 лица во две села кај Младеновац. Потоа се упатил понатаму кон Смедерево и таму ја продолжил крвавата гозба, објави Телеграф.рс.

Како што дознава „Телеграф.рс“, на терен се сите специјални единици на МВР.

Според Телеграф, убиецот Урош Блажиќ (21) е опколен во селото Шепшин, а напаѓачот нема намера да се предаде. Според дел од медиумите, полицијата преговара со напаѓачот, а според некои не е исклучено да држи и заложници.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ го оцени вечерашното пукање во Младеновац како терористички чин.