Две лица се убиени, а седум се ранети во престрелка во селото Дубона, кај Младеновац, дознава „Блиц“.

Екипи на Брза помош и полиција се на местото на инцидентот. Можно е да има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца.

По младиот човек кој ги испукал истрелите од возилото е распишана потерница. Акцијата Вихор е во тек.

Како што вели изворот на „Блиц“, „сите во униформа“ и сите расположливи патроли биле испратени на потера во Младеновац и Мали Пожаревац.