Тагата ги обви срцата на сите оние кои изгубија свои блиски во масакрот во белградското училиште. Но, и целиот Балкан не остана рамнодушен на трагичниот настан.
Пораки за сочувство, потресни статуси и приказни за врсничко насилство се споделуваат на социјалните мрежи. Текст на мајка на две деца од Србија привлече големо внимание. Прочитајте го емотивниот пост на Маја Котличиќ:
Само уште пет минути. Потоа стана, ги изми забите и го спакува сендвичот кој ѝ го направила нејзината мајка. Нејзиниот омилен. Влезе во своето училиште, во својата училница, седна во својата купа. Со своите другарчиња.
Гласот сè уште ѝ беше утрински зарипнат, не стигна ни да раскаже каде била за 1 Мај. Не го изеде ни сендвичот. Не се врати дома од училиште. Нема да се врати никогаш.
Не ми е гајле дали системот потфрли. И како да е важно кој е крив. Ако ти треба одговор. Еве го. Сите. Пред да почнеш да го вперуваш прстот кон другите, можеш сепак да си го ставиш на чело.
И да го прашаш оној малиот во комшилукот каков му беше денот. И неа да ѝ кажеш дека очилата со диоптер ѝ стојат феноменално. И кога детето ќе ти кажува што му се случило, навистина сослушај го.
Тој не е добар затоа што молчи. Тој молчи затоа што не му е добро. Бидејќи сè ќе биде во ред. Сè додека еден ден не биде.
Be the first to write a comment.