Момчето-убиец Коста Кецмановиќ (13), кој утрово околу 8 часот и 40 минути уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и рани уште шест ученици и една наставничка по историја, го испланирал страшното злосторство месец однапред! Кај него биле пронајдени два рачно напишани документи на кои забележал кого и како планира да убие во училиштето.

Од првиот од документите што денеска на прес-конференција ги презентираше Веселин Милиќ, началник на полициската управа за град Белград, се гледа дека Кечмановиќ имал список со имињата на 16 ученици кои сакал да ги убие денеска. На списокот има осум момчиња и седум девојчиња, а едно име е ичкртано и нечитливо.

Над нивните имиња е испишана белешката „GL. M“, што може да значи „главни цели“, а ознаката на одделението – „7/2“. Анализата на списокот со имињата на 15 ученици покажува дека момчето убиец се обидел доследно да убива водејќи се според него.

Убивал по список

Со споредба на иницијалите на жртвите и имињата од документот, може да се заклучи дека се убиени С.Н.(2009), Б.А.(2011), А.Б.(2011), А.Д.(2009), М.А. (2009), додека на списокот ги нема имињата на убиените К.М.(2010) и Е.К.(2009).

Понатамошната споредба покажува дека во детската болница во Тиршова има ранети деца со иницијали А.Б., Х.К., В.М и А.А, а на листата на убиецот гима деца со токму тие иницијали. Меѓу убиените има седум девојчиња и едно момче.

Список со имињата на децата што убиецот Коста Кецмановиќ планирал да ги убие во ОУ „Владислав Рибникар“

– Како што самиот изјави, ова е список на деца кои планирал да ги ликвидира – изјави денеска на прес-конференција Веселин Милиќ, началник на полициската управа за град Белград.

Тој нацртал план на училиштето и училниците

Покрај тоа што направи список со имињата на посакуваните жртви, ученикот-убиец Коста Кецмановиќ на хартија нацртал план за училници и паралелки во ОУ „Владислав Рибникар“.

Планот на училиштето и училницата каде планирал да се движи убиецот Коста Кецмановиќ

„Примарни цели“, напиша на англиски на тој документ. После тоа напиша нешто што личи на список од неколку одделенија (7/2, 8/4…), а потоа следи број (жртва?) и сериски броеви од 1 до 6.

Ладнокрвен и пресметан

Впрочем, уште повознемирувачко е крајно пресметаното и ладнокрвно однесување на момчето убиец пред и по убиството.

– Момчето кое го изврши масакрот во училиштето повикало полиција во 8 часот и 42 минути и кажал дека ги убил учениците од неговото училиште – откри денеска на прес-конференција Веселин Милиќ, началник на полициската управа за град Белград.

Поради шокантните сцени во училишните простории, без зборови останаа и најискусните полицајци.

– Сум бил на илјадници истраги, ова е нечуено во српското општество! Според досега собраните податоци, момчето долго време го планирало настанот. Ги зел пиштолите од станот на татко му, со себе носел и молотови коктели. Прво пукал во обезбедувањето, а потоа во дежурната ученичка. По злосторството повикал полиција – изјави Милиќ.