Многу жени жалат што немаат бујни гради, но понекогаш овој атрибут кај понежниот пол може да предизвика поголем проблем отколку малите гради.
Во тоа се уверила и тиктокерката Шерил Ен, која на една од снимките на оваа популарна социјална мрежа открива со какви предизвици се соочува поради нејзината надареност. Најтешко ѝ паѓа фактот што буквално никој не гледа во нејзиното лице, туку во огромните природни гради.
Да биде уште пострашно, Шерил редовно добива негативни коментари, но како што тврди самата, воопшто не ја засегаат. Таа истакна дека всушност ужива во медиумското внимание што го добива благодарение на бујните гради, но и додава дека целта ѝ е да покаже оти не е убаво кога некој е постојано мета на љубопитните погледи.
Исто така, таа нагласи дека со своите јавни настапи на TikTok сака да ги поддржи девојките кои се соочуваат со сличен проблем и кои, за жал, можеби немаат храброст да се справат со тоа.
Снимките на Шерил на ТикТок на кои нејзините гради се во прв план бројат околу милион „лајкови“, а на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 150.000 луѓе. Додека повеќето придружници го поддржуваат нејзиниот став, други велат дека претерува со екпонирањето, но исто така ѝ советуваат да ослабе и да поработи на самопочитта.
Be the first to write a comment.