Во пукотницата што утринава се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест деца и еден учител, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и детската клиника Тиршова.

– Во училишниот двор е пронајден и приведен ученик од ова училиште К.К.(роден 2009 година), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија, официјално соопшти српското МВР.