Тенисерката со српско потекло Ангелина Граовац привлекува големо внимание, но не поради успехот на теренот, туку поради активностите на социјалните мрежи.
Ангелина во 2020 година го „батали“ тенисот и реши максимално да го посвети своето внимание на платформа каде што ќе може да објавува свои разголени фотографии, а во исто време да заработува и пари.
Таа пораснала во Америка каде живее и денес, но често доаѓа во главниот град на Србија каде има голем број блиски пријатели.
Беше многу талентирана во помладите категории, многумина и предвидуваа светла иднина, но таа сфати дека би сакала да се занимава со други работи, па го остави тенисот на страна.
Инаку, Ангелина во текот на кариерата на ИТФ ниво забележа осум победи и дури 36 порази.
Be the first to write a comment.