Северина доживеа несреќа за време на настап во загрепска Лауба. Пејачката падна додека играше на сцена, но и покрај тоа остана насмеана, во нејзин стил.

„Имав кореографија за да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи малку порано… Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“ се пошегува Северина на своја сметка покрај снимката со паѓањето.

Откако заврши на подот, Северина почна да се смее и продолжи со шоуто.

„Ова мораше да се случи вечерва, каде сте, уште ли си на нозе, им рече таа на публиката, пренесува индекс.хр.