Родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина во битолската болница по раѓањето, преку социјалните мрежи си ја бара отпусната листа. Дванаесет дена по заминувањето од болницата таа уште не ја добила и се сомнева дека и обдукцијата ќе биде наместена зашто и било кажано дека “ги крепат кој партија – кој пари”.
-Во која нормална држава, со нормални услови и каде што партиите и “Ко је јачи у парама” не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а се уште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А истото треба да е веднаш, кога си одиш од болница!!! Ете јас после 12 дена се уште немам отпусно писмо. Се уште мојата историја ја нема. Како технички си испишана, а документ од мене нема??? Никаде? И нема мучканици? Или народски речено, “Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано”? Или ај бе кога ќе стигниме, сигурно плаче пушти ја дома, не и е дојдено до ова.. А? Не кажувате ништо, ниту за комисијата, а ниту добив одговор на прашањето зошто немам отпусно писмо денес кога дојдов во тоа проклето одделение, а оти? Нормално, оти си бркате приватни обврски, А па ние извештај чекаме…, пишува Крстевска.
Таа прашува дали вработените во битолската болница мислеле дека секое чудо ќе биде за три дена
-’О’ од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор, иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари – кој партија, никогаш мирно нема да спиете. Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште други илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле.Ќе се борам до крај!, додава таа.
Родилката чие бебе почина по раѓањето во битолската болница се огласи непосредно по трагедијата и порача дека нема да отстапи од барањето правда.
Be the first to write a comment.