Голем дел од алпски глечер се откина од врвот Мармоладо во Доломитските алпи во североисточна Италија, јавуваат италијанските медиуми. Во несреќата потврдено е дека 6 лица загинале, 8 се повредени од кои еден потешко, додека 10 се водат за исчезнати.
До несреќата дошло кога глечерот се срушил надоулу по планината, јави денеска италијанската државна телевизија.
Алпскиот национален спасувачки корпус на Твитер објави дека најмалку пет хеликоптери се вклучени во потрагата по повредените планинари, а ангажирани се и кучиња спасувачи, јавува АП, повикувајќи се на телевизијата РАИ.
Диспечерите за итни случаи во североисточна Италија објавија на Твитер дека се верува дека околу 15 планинари се во областа на несреќата, според АП.
Be the first to write a comment.