Поранешниот српски репрезентативец Душко Тошиќ и српскиот фудбалер Александар Пријовиќ се степале на сплав во Белград, објави српски Курир.
Големиот инцидент се случил синоќа околу 1 часот по полноќ на познатиот сплав „Нов Белград“ пред повеќе од сто очевидци, пишува белградскиот портал.
Тошиќ бил нокаутиран
Пријовиќ на познатиот белградски сплав пристигнал во друштво на три девојки. Зад второто сепаре со своето друштво седел Душко Тошиќ. Штом го видел, Пријовиќ скокнал и тргнал кон него. Тошиќ станал и пред сите гости почнле жестоки да пцовки. Набрзо се’ се претворило во физичка пресметка.
Пријовиќ го удрил Тошиќ три-четири пати во глава. Тошиќ жестоко се бранел, иако во еден момент завршил нокаутиран на паркетот, тврди српски Курир.
После тоа присутните реагирале и спречиле уште поголем инцидент.
Уништен трансфер?
Истиот извор тврди дека Пријовиќ го обвинил Тошиќ дека му го уништил трансферот, по што му испратил порака дека ќе го претепа кога ќе го види.
Душко Тошиќ е поранешен прославен српски играч, а денес успешен менаџер. Тој има исклучително силни врски во Турција каде однесе неколку врвни играчи, меѓу кои и Миралем Пјаниќ кога се пресели во Бешикташ.
Александар Пријовиќ се уште е активен и настапува за Вестерн Јунајтед во Австралија.
Be the first to write a comment.