Денеска (05.04.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Велес- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом на М.П. (27) од Велес.
При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола, објави полицијата.
Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери…
М.П. е лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Велес.
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.