Поранешниот босански репрезентативец Марио Божиќ (40), кој во 2007 и 2008 г. играше за националниот тим на БиХ, после неколкугодишна борба со тумор на мозокот, ја загуби денеска животната битка.
Божиќ имаше две тешки операции во последните неколку години откако му беше откриен туморот, но не успеа да победи во најважната битка во последните пет-шест години, откако во 2016 година ја заврши кариерата.
Роден е во Тузла, а како млад се пресели во Србија каде играше за Раднички и Београд, по што замина во Видеотон, сегашен МОЛ Фехервар во Унгарија, па играше и за Ујпешт, пред да се пресели во Слован Братислава во Словачка, а играше и за израелски Ашдод, кинески Шангај Шенхуа, азербејџански Симурк и грчки Панахаики.
Во Србија играше за Борац Чачак, Вождовац и Лозница кој му беше последен клуб, па беше и спортски директор.
Be the first to write a comment.