Поминаа 22 години откако популарниот српски актер Драган Максимовиќ- Макса беше брутално претепан. После тоа паднал во кома од која не се разбудил.
Над него се изживуваа група на неонацисти, поддржувачи на клубот Рад. Макса бил претепан во поранешниот ресторан „Бели град“ бидејќи хулиганите откако го загубиле натпреварот мислеле дека е Ром поради неговата потемна кожа и тоа им било доволна причина за овој брутален напад.
Поради тоа што бил астматичен, дијабетичар и опериран од катаракта, Максимовиќ не им се спротивставил за да го заштити штотуку оперираното око. Сопственикот на ресторанот не му дошол на помош на гостинот во неволја, туку сите ги избркал на улица, каде безмилосното тепање продолжило пред очите на минувачите, кои ги свртеле главите на глетката на беспомошен сограѓанин.
Кога конечно решиле да се откажат и да избегаат, за Макса веќе беше доцна. Неговиот роднина го однел во Ургентниот центар каде му биле констатирани скршеници на бутната коска и карлицата. На почетокот на февруари паднал во кома од која никогаш не се разбудил. Почина на 4 февруари 2001 година.
Драган Максимовиќ до последен момент одбивал да ги идентификува напаѓачите, барајќи „овие млади луѓе да не бидат уапсени“, а младите момчиња одговорни за неговата смрт до ден-денес не се идентификувани.
На местото на Зелени Венц каде се случи овој инцидент беше поставена спомен плоча посветена на овој актер, а на годишнината од неговата смрт цвеќе положија колеги и пријатели од Народниот театар.
Во текот на својата кариера, Максимовиќ одигра повеќе од 60 улоги во театар, филм и телевизија. На сите им е добро познат од филмовите “Petrijin venac”, “Šmeker”, “Vreme čuda”, “Poslednji krug u Monci”, “Rane”, “Pad Italije”, “Nož”, “Mi nismo anđeli”, “Crni bombarder”, “Stršljen”, “Lepa sela lepo gore”, kao i serija “Otpisani”, “Priče iz majstorske radionice”, “Gore-dole”…
Be the first to write a comment.