Голема трагедија се случи денеска во Гелзенкирхен, на мечот на „Велтенс Арена“ помеѓу Шалке и Баер Леверкузен, кој го добија „фармацевтите“ со 3-0, откако навивач на трибините почина откако колабирал пред крајот на мечот.
Како што објавија германските медиуми, на навивачот му се слошило пред самиот крај на мечот, по што експресно реагирала брзата помош за да му даде прва помош на навивачот, но тоа било безуспешно.
Случката била зад голот на Баер Леверкузен минути пред крајот на мечот, а лекарите се обиделе со реанимација да го вратат несреќниот навивач во живот, но сето тоа било безуспешно.
Поради случката, навивачите веднаш прекинале да пеат и мечот завршил во тишина. Смртта на навивачот ја потврдиле и од Шалке.
Be the first to write a comment.