Роберт Тодороски од Прилеп, кој преку социјалните мрежи од профилот Роберт Типчето му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и синоќа објави наводна благодарница од шефот на државата, денеска во статус на Фејсбук јавно му се извини на првиот човек на најголемата опозициска партија.
„Почитувани соограѓани и припадници на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, јавно се извинувам на сите и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски за недоличниот статус на социјалната мрежа што го објавив пред 12 часа. Тоа беше момент на непромисленост и се извинувам длабоко и ве разбирам на поединци за револтот. Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Во момент на недоволна промисленост секој греши како човек, па и јас. Ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад тинејџер, јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија и работам надвор од државата.
Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и до самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично се извинувам за немилиот настан, ја прифаќам грешката која ја наметнав во овие 12 часа и се каам. Ви благодарам на сите од вас на разбирањето, нема простор за паника или слично“, пишува Роберт Типчето.
Be the first to write a comment.