Најмалку единаесет лица загинаа во петокот во стампедо во јужната пакистанска метропола Карачи, кога маса луѓе се упатиле кон фабрика каде што организирано се делела помош во храна по повод рамазан, соопшти локалната полиција.
Фида Џанвари, началник на полицијата во Балдија, западно предградие на Карачи, изјавил за AFP дека стампедото се случило кога жените со деца јурнале кон фабриката каде што се делела храната. Настанала паника и „сите почнале да трчаат“, додал.
Телата на шест жени и три деца се пренесени во државната болница „Абаси Шахед“, изјавил портпаролот Мохамад Фарук. Шефот на организацијата Rescue за AFP рекол дека уште две тела на жртви се пренесени во друга болница во градот.
„Секоја година доаѓаме во фабриката по зекат (задолжителнот милосрдие кое поимотните муслимани го даваат во текот на рамазан – р.д.). Почнаа да ги тепаат жените со палки и да ги туркаат. На сите страни настана хаос“, изјавила 30-годишната Асма Ахмед чии баба и внука загинале во стампедото.
Полицискиот началник Џанвари рекол дека тројца фабрички работници се приведени, бидејќи не ја известиле полицијата за делењето на помошта, поради што изостанал полицискиот надзор над движењето и однесувањето на масата луѓе.
Минатата седмица, на првиот ден од светиот месец рамазан, кога муслиманите според обичајот им носат милосрдни дарови на сиромашните, едно лице загина а осум други беа повредени во стампедото во текот на делење брашно на североистокот на Пакистан.
A truck carrying flour looted in Peshawar, Pakistan as the country faces it's worst economic and political crisis since formation and is on the verge of debt default.
Catastrophic flooding, exploding inflation, energy shortages and food shortages …
— Wall Street Silver (@WallStreetSilv) March 28, 2023
Пакистан пред неколку месеци го зафати тешка економска криза, цените на основните прехранбени продукти речиси двојно се зголемија, а инфлацијата достигна рекордно ниво наназад со години.
Ситуацијата се влошува и поради растот на цените на енергенсите и поплавите по монсунските дождови кои во 2022 година зафатија третина од земјата.
Премиерот Шахбаз Шариф, донесен со поддршката на САД откако неговиот претходно Ибрахим Кан остваруваше тесна соработка со Кина, се обидува да ја реактивира следната транша од заемот во износ од 6,4 милијарди американски долари, договорен со Меѓународниот монетарен фонд уште во 2019 година. Но од ММФ бараат пред исплатата на траншата владата во Исламабад да спроведе радикални реформи коишто вклучуваат драстично зголемување на даноците и значително намалување на субвенциите што, од друга страна, голем дел од пакистанското население ќе го турне кон осиромашување.
Be the first to write a comment.