Авион се урнал при полетување на аеродромот во Пула. Од аеродромот во Пула за ДНЕВНИК.хр потврдија дека авионот се урнал и дека во моментов сите служби се на терен.

Неофицијално се дознава дека не се работи за голем патнички авион, туку за мал спортски авион во кој имало две лица. Наводно, несреќата се случила при полетување.

– На аеродромот се испратени бројни екипи од пожарникари и брза помош. Неофицијално дознаваме дека две лица загинале и дека несреќата се случила при полетување кога авионот паднал на крајот од пистата, објавија хрватските медиуми.